Згаснува еден од најпознатите турски клубови

20383

Еден од најпознатите турски клубови, шампион на Турција во 2010 година, Бурсаспор е пред гаснење. Првиот човек на клубот, Реџеп Гунај најави банкрот на овој клуб. Тој вели дека шансите за преживување се рамни на нула и дека главната причина за тоа се големите долгови како и забраната за донесување на нови играчи.

„Шансите на Бурса за опстанок се рамни на нула. Изречена е законска казна. Се обидуваме да ја тргнеме по правен пат. Тоа не може да се реши со пари“, вели Гунај.

„Добивме забрана за донесување на играчи на три рока. Предложивме понуда околу казната за бришење на бодови и се договоривме околу тоа. ФФ на Турција конечна одлука за Бурса ќе донесе идната седмица. Тоа ќе значи или опстанок или згаснување. Ние како управа направивме се што требаше, иако тоа беше над нашата моќ. На клубот му е исплатена само една турска лира“, додаде Гунај.

Гунај додаде дека долгот на Бурса изнесува 1,5 милијарди турски лири, а наскоро ќе дојде и сметката за данокот кој клубот не може да ги исплати за кратко време.

ПретходноФормула 1 во 2024 со рекордни 24 трки, ќе има трки и во саботите!
СледноУЕФА најде виновник – Го казни ВАР судијата од мечот ПСЖ-Њукасл