Со мечот во Скопје меѓу екипите на Вардар ЕМ и Вардар 2019 веќе почна вонредното коло во одбојкарските прволигашки конкуренции и кај мажите и дамите. Денеска треба да продолжат натпреварите од 8. коло во машка и 10. коло во женска конкуренција.
Кај мажите денеска на програмата се четири меча, еден ќе се одигра в петок, додека дуелот меѓу Штип УДГ и Струмица е одложен за 6 декември поради настапот на нашиот првак во Купот на ЦЕВ.
Кај девојките; Вардар ЕМ ја оствари и втората сезонска победа во градското дерби со „имењачките“. Денеска ќе имаме големо дерби меѓу екипите на Наковски Волеј и шампионот Работнички.
Прва лига (мажи), 8. коло
Лирија – Универзитет во Тетово (денеска, 20.00)
ГОК Борец – Шкендија (денеска, 17.00)
Сушево – Вардар (денеска, 20.00)
Весна Пробиштип – Македонија Џио (денеска, 19.00)
Работнички 71&22 – Јанта волеј (петок, 20.30)
Штип УГД – Струмица 47&72 (6-ти декември, 19.00)
ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (21); 2. Штип УДГ (18); 3. Лирија (17); 4. Универзитет во Тетово (12); 5. Работнички 71&22 (12); 6. Шкендија (12); 7. Весна Пробиштип (12); 8. Борец (9); 9. Јанта Волеј (6); 10. Сушево (4); 11. Вардар (3); 12. Македонија Џио (0).
Прва лига (жени), 10. коло
Вардар ЕМ – Вардар 2019 3:0 (25:18, 25:18, 25:15)
Наковски волеј – Работнички Скопје (денеска, 20.00)
Фит фан волеј – Младост УГД (четврток, 20.00)
Јанта волеј – Струмица жени (6-ти декември)
ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (26); 2. Наковски В. (24); 3. Јанта Волеј (19); 4. Работнички (17); 5. Фит Фан Волеј (10); 6. Младост УДГ (8); 7. Вардар ЕМ (7); 8. Вардар 2019 (0).