Денеска од 13 часот на програмата се сите шест натпревари од 16.коло во ПМФЛ. Интересно треба да биде на теренот на ФФМ, каде шампиоонот му гостува на Вардар. Се знае каде е квалитетот, кој е фаворит и се освен победа на Струга ТЛ ќе биде големо изненадување. Посебно ако се знае дека на тимот на стратегот Шпетим Дуро и тоа како му се потребни трите бода во битката за титулата.
Струга ТЛ на овој меч ќе мора без Бесарт Ибраими кој има пет жолти картони.
Под Шара се среќаваат Шкендија и Работнички. Крајно неизвесен меч, кој веројатно е и дерби на колото. Тетовци се фаворити на хартија, но Работнички со Седлоски на клупата секако дека си има свои амбиции и на овој меч.
Во Струмица во исто време се играат два меча. На комплексот “Горан Пандев“ се игра дерби на Истокот и тоа меѓу Брера и Брегалница. Дуел на две екипи на кои не им оди најдобро во последно време. Ова е меч за “вадење“ и за едните и за другите.
На “Младост“ во Струмица се среќаваа Гостивар и Шкупи. Е тука навистина се е можно. Чаирчани се лидери, но Гостивар и дефинитивно е сериозна екипа, тоа го покажа и пред три дена на ФФМ со Работнички.
Тиквеш и гостува на Воска во Охрид, во меч во кој и двете екипи посакуваа бодови, посебно Воска која посакува некако да ја избегне опасната зона. Сепак Тиквеш оваа есен покажа дека знае и може да одигра одлично против било кого.
И во Ѓорче, домашната Македонија ЃП дочекува Силекс. Ова е натпревар кој “лавовите“ не смеат да си дозволат да го загубат, никако. Додека Силекс ако сака и дефинитивно да и се приклучи на “големата тројка“ во битката за Европа, ќе мора да го освои целиот плен.
ДВОЈКИ ЗА 16.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)
Скопје: Вардар – Струга ТЛ
Охрид: Воска – Тиквеш
Струмица: Брера – Брегалница
Тетово: Шкендија – Работнички
Струмица: Гостивар – Шкупи
Скопје: Македонија ЃП – Силекс
ТАБЕЛА
Шкупи 31, Шкендија 29, Струга ТЛ (-1) 27, Силекс (-1) 23, Работнички 20, Брера 19, Тиквеш 19, Гостивар 19, Воска (-1) 16, Македонија ЃП 15, Брегалница 15, Вардар (-1) 11 бодови