Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска имаше успешен настап во 1.коло на фјучерс турнирот во Шарм Ел Шеик, Египет. Нашата тенисерка ја совлада Нина Рудиукова од Русија со 2-1 во сетови (6-3, 5-7, 7-6).
Инаку ова е втора победа на Стоилковска над Рудиукова во кариерата. Претходно се соочија во квалификациите во Лусада, Португалија и нашата тенисерка победи со 2-0.
Следниот меч на Стоилковска е против домашната тенисерка Јасмин Езат која во првото коло ја елиминира Чои од Јужна Кореја со 2-0 (6-1, 6-1).