Судиска анализа за 15. коло од ПРВА МФЛ за сезона 23/24. Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 15. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Брегалница – ФК Шкендија одигран на 25.11.2023 година, анализирани се ситуациите од 56. и 72. минута.
Главен судија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.
56. минута: ПРАВИЛНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 1:1)
Центрирана топка во шеснаесетникот на домашната екипа, играч на домаќините ја удри топката со глава која се одби од земја и удри во рака на свој соиграч.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи раката на играчот на домаќините беше во природна положба, спуштена близу телото.
Главниот судија беше одлично поставен и имаше јасна прегледност на ситуацијата.
72. минута: ПРАВИЛНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен втор жолт картон – ЦРВЕН картон за играч на домашната екипа, при резултат 1:2)
На една висока топка на средина на теренот скокнаа два противнички играчи, играч на домашната екипа во скокот, со рака и на недозволен начин направи прекршок во главата на противничкиот играч.
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на гостите и доделен жолт картон за играчот на домаќините поради недозволен старт, односно недозволено користење на раката (удар со рака во глава на противнички играч). Бидејќи тоа му беше втор жолт картон на играчот на домакините, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.
На натпреварот ФК Работнички – ФК Гостивар одигран на 26.11.2023 година, анализирани се ситуациите од 9. и 30. минута.
Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Разме Бакрачески и Мартин Дејаноски. 4-ти судија: Марјан Стојановски.
9. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА И СОРАБОТКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА СО ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА И ЧЕТВРТИОТ СУДИЈА (недоделен ЦРВЕН картон за играч на гостинската екипа, при резултат 0:0)
На средина на теренот за игра, близу четвртиот судија и првиот помошен судија на една топка која не беше во ничиј посед стартуваа два противнички играчи, играчот на гостинската екипа направи недозволен и груб старт нагазувајќи го противничкиот играч во пределот на зглобот и лигаментите од внатрешната страна на ногата и направи прекршок.
Погрешна одлука и недобра соработка на главниот судија со првиот помошен судија и четвртиот судија (кои ја поддржаа одлуката на главниот судија) што доделија жолт картон за стартот, во оваа ситуација требаше да се додели ЦРВЕН картон за гостинскиот играч за груб и опасен старт.
30. минута: ПРАВИЛНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (сигнализирано офсајд позиција на домашен играч и исправно поништен гол, при резултат 0:0)
Центрирана топка во шеснаесетникот на гостинската екипа, топката дојде до играч на домашната екипа кој постигна гол.
Исправна одлука на вториот помошен судија, сигнализирано офсајд позиција на играчот на домашната екипа, бидејќи на моментот на додавање на топката од својот соиграч, играчот се наоѓаше позади претпоследниот играч од одбраната на гостите. Голот исправно беше поништен.
На останатите натпревари од 1 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Судиска анализа за 13 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 13. коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Пелистер – ФК Башкими одигран на 25.11.2023 година, анализирани се ситуациите 27, 40, 46 и 90+1 минута.
Главен судија: Александар Василевски. Помошни судии: Христијан Џонов и Андреј Ќамилов.
27. минута: ПРАВИЛНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА И ДОБРА СОРАБОТКА СО ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (доделен ЦРВЕН картон за гостински играч за спречување очигледна шанса за гол, при резултат 1:0)
Играч на домашната екпа беше во посед на топката и продираше кон голот на гостинската екипа, пред самиот шеснаесетникот играч на гостинската екипа од зад грб го турна играчот на домаќините и спречи очигледна шанса за гол (играчот беше сам пред голман)
Исправна одлука и добра соработка на главниот судија со првиот помошен судија, досуден слободен удар за домашната екипа и доделен ЦРВЕН картон на гостинскиот играч, за спречување очигледна шанса за гол (туркање од зад грб на играч кој се наоѓа сам пред голман).
40. минута: ПРАВИЛНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен ЦРВЕН картон за голманот на домашната екипа за спречување очигледна шанса за гол, при резултат 2:0)
Играч на гостинска екипа излезе сам пред шеснаесетникот на домашната екипа, голманот на домаЌините го напушти својот шеснаесетникот и направи недозволен старт на ногата на противничкиот играч, спречувајки очигледна шанса за гол.
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за гостинската екипа и доделен ЦРВЕН картон за голманот на домашната екипа за спречување очигледна шанса за гол (недозволен старт на нога на противнички играч кој се наоѓа сам пред голманот).
46. минута: ПРАВИЛНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (сигнализирано офсајд позиција на гостински играч и исправно поништен гол, при резултат 2:0)
Центрирана топка во шеснаесетникот на гостинската екипа, топката дојде до играч на гостинската екипа кој постигна гол.
Исправна одлука на првиот помошен судија, сигнализирано офсајд позиција на играчот на гостинската екипа, бидејќи на моментот на додавање на топката од својот соиграч, играчот се наоѓаше позади претпоследниот играч од одбраната на домакините. Голот исправно беше поништен.
90+1 минута: ПРАВИЛНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за домашната екипа, при резултат 3:0)
Играч на домашната екипа беше во посед на топка во 16-сетникот на гостинската екипа, играч на гостите со пределот на раката (шаката) направи недозволен старт (завлекување) во пределот на главата (лицето) на играчот на домакините и направи прекршок.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа поради недозволен старт (завлекување) на гостински играч со рака во предел на глава на противнички играч.
На натпреварот ФК Kараорман – ФК Новаци одигран на 25.11.2023 година, анализирани се ситуаците од 6, 11, 35 минута.
Главен судија: Бардиљ Исмаили. Помошни судии: Идриз Идризи и Имран Абази.
6. минута: ПРАВИЛНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за гостинската екипа, спречување очигледна шанса за гол од голманот на домаќините, при резултат 0:0)
Играч на гостинската екипа прими топка од свој соиграч во шеснаесетникот на домашната екипа, во моментот кога излезе сам пред голманот на домаќините и во очигледна шанса за гол, голманот сакајќи да ја удри топката направи недозволен старт на ногата на противникот, без да игра со топката.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на гостите и доделен жолт картон за голманот на домаќините за спречување очигледна шанса за гол.
11. минута: ПРАВИЛНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (сигнализирано офсајд позиција на домашен играч и исправно поништен гол, при резултат 0:1)
Од слободен удар центрирана топка во шеснаесетникот на гостинската екипа, топката дојде до играч на домашната екипа кој постигна гол.
Исправна одлука на првиот помошен судија, сигнализирано офсајд позиција на играчот на домашната екипа, бидејќи на моментот на додавање на топката од својот соиграч, играчот се наоѓаше зад претпоследниот играч од одбраната на домакините. Голот исправно беше поништен.
35. минута: ПРАВИЛНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:2)
Во шеснаесетникот на гостинската екипа,играч на домаќините центрираше топка, која при центаршутот удри во раката на противнички играч која му беше во природна положба и спуштена до телото.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи топката удри ро раката на противникот која беше во природна положба близу телото и без зголемен волумен.
На натпреварот ФК Детонит – ФК Охрид одигран на 25.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од 78. минута.
Главен судија: Марјан Младеновски. Помошни судии: Александар Ајдаров и Иван Танев.
78. минута: Играч на гостинската екипа прими топка од свој соиграч во шеснаесетникот на домашната екипа, пред него стоеше играч од екипата на домаќините и не направи никакво движење со ногата, играчот на гостите сакајќи да изнуди пенал се удри од ногата на противникот и падна.
Исправна одлука на главниот судија, досудено симулација за пенал и доделен жолт картон за играчот на гостите, бидејќи играчот на гостите сам направи контакт со ногата на противникот сакајки да изнуди пенал.
Главниот судија одлично поставен и со јасна прегледност на целата ситуација.
На натпреварот ФК Вардар Неготино – ФК Беласица одигран на 25.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од 71. минута.
Главен судија: Димитар Левески. Помошни судии: Николче Николески и Борис Трајков.
71 минута: ПРАВИЛНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (признат регуларен гол, минимален контакт со голман на гостинската екипа, при резултат 0:0)
Центрирана топка во шеснаесетникот на гостинската екипа, топката не беше во ничиј посед и на неа тргнаа голманот на гостинската екипа и противнички играч, пред голманот да ја фати топката со раце, дојде до минимален контакт со телото на противничкиот играч, играчот потоа ја зема топката во свој посед додаде до соиграч кој постигна гол.
Исправна одлука на главниот судија, голот е регуларен, бидејќи контактот на голманот и играчот на домаќините беше минимален (со тело) и голманот ја немаше топката во посед.
На натпреварот ФК Кожуф – ФК Саса одигран на 25.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од 66. минута.
Главен судија: Ангел Ристов. Помошни судии: Зоран Ангелов и Ване Дупкаров.
66. минута: ПРАВИЛНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за домашната екипа, игра со рака на гостински играч, при резултат 2:2)
Играч на домаќините во шеснаесетникот на гостите упати идар кон голот, топакта се одби од статива и удри во рака на гостиснки играч, каде раката на играчот беше во неприродна положба, широко одвоена од телото и со зголемен волумен на раката.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на домаќините поради игра со рака на противнички играч која е во неприродна положба и широко одвоена од тело.
На натпреварот ФК Беса – ФК Тетекс одигран на 27.11.2023 година, анализирани се ситуациите од 43 и 45+2 минута.
Главен судија: Фатмир Бафто. Помошни судии: Горан Балески и Мишо Ѓорѓиоски.
43. минута: ПРАВИЛНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за домашната екипа, при резултат 2:0)
Играч на екипата на домаќините беше во посед на топка странично во шеснаесетникот на гостинската екипа, играч на гостите направи лизгачки старт на ногата на противникот без да игра со топката и направи прекршок.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на домаќините поради недозволен лизгачки старт на играч на гостинската екипа на ногата на противнички играч.
45+2 минута: ПРАВИЛНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за домашната екипа, при резултат 3:0)
Играч на домашната екипа додаде топка до соиграч во шеснаесетникот на гостинската екипа, играчот ја прими топката и кога се сврте со телото беше на недозволен начин сопнат од противнички играч кој се наоѓаше позади него.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домаќините поради недозволен старт (сопнување) на гостински играч над противнички играч.
Главниот судија одлично поставен и имаше јасна прегледност на ситуацијата.
На натпреварот ФК Скопје – ФК Осогово одигран на 27.11.2023 година, анализирана е ситуацијата од 45+3 минута.
Главен судија: Дени Лековски. Помошни судии: Марио Мојсоски и Јован Анѓелковски.
45+3 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недоделен ЦРВЕН картон на гостински играч, при резултат 0:0)
На одбиена топка која не беше во ничиј посед, пред шеснаесетникот на гостинската екипа стартуваа два противнички играчи, играч од екипата на гостите без да игра со топката направи недозволен старт над противничкиот играч, односно со отворен ѓон го удри во пределот на ногата (квадрицепсот) противникиот играч.
Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, во оваа ситуација требаше да досуди слободен удар за домашната екипа и да додели ЦРВЕН картон на гостинскиот играч поради недозволен старт и опасна игра над противнички играч, направи прекршок со отворен ѓон во пределот на квадрицепост на противничкиот играч.
Иако главниот судија е одлично поставен и имаше јасна прегледност, донесе погрешна проценка и одлука.
На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.