УЕФА најде виновник – Го казни ВАР судијата од мечот ПСЖ-Њукасл

853

Њукасл беше пред победа на „Паркот на принцовите“ но во 96 минута судијата покажа на белата точка после реакција во ВАР собата. Мбапе го изедначи резултатот и го стави ПСЖ во пол позиција за осминафиналето.
Главниот судија Симон Марчињак прво не досуди ништо, но потоа се премисли поради реакција од ВАР собата. Тој отиде да ја прегледува снимката, а потоа досуди пенал. Во ситуацијата топката го удира дефанзивецот на Њукасл во ногата, а потоа во лактот. Марчињак потоа покажа пенал.
А ВАР судијата Томас Квијатковски кој требаше да биде делегиран за мечот Сосиедад-Салцбург во ЛШ беше заменет со друг судија. Тоа значи дека полскиот судија добил ниска оценка па УЕФА го тргна од списокот и најверојатно извесно време нема да биде во ВАР собите.

ПретходноЗгаснува еден од најпознатите турски клубови
СледноЈунајтед „прокоцка“ два разлика во Истанбул, луд пресврт во Севиља