Хау: Па зарем ова беше пенал? Не можам да коментирам ќе ме казнат! (ВИДЕО)

957

Тренерот на англиски Њукасл, Еди Хау лут и нервозен по мечот со ПСЖ не сакаше премногу да ги коментира судиските одлуки, но како што рече, не може да премолчи тоа што домашните добија непостоечки пенал во 97. минута на средбата.

„Сè уште се обидувам да се помирам со тоа. Се чувствувам празно, но во исто време сум задоволен од начинот на кој играчите го дадоа максимумот денес, нивната посветеност. Немавме среќа, едноставно немавме доволно среќа на крајот. Каков пенал? Топката прво удри во градите. Но, дури и да беше во рака, сепак не е пенал, со оглед на тоа колку блиску беше играчот. Не знам какви други аргументи има судијата. Кога топката прво ќе удри во градите, а потоа во рака, тоа не е пенал. Не можам да ги изразам моите внатрешни мисли затоа што ќе имам проблеми“, изјави Хау.

ПретходноДончиќ со 41 поен го спречи Хјустон да обезбеди четвртфинале на НБА Купот (ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Шампионот без Ибраими против Вардар, Работнички и гостува на Шкендија, два меча во Струмица…