Интересни резултати на првите два меча од денешниот термин во Лигата на шампионите. Во Истанбул, домашниот Галатасарај и Манчестер Јунајтед одиграа 3:3 и покрај тоа што „црвените ѓаволи“ имаа предност од 0:2 и потоа од 1:3.
Со головите на Гарначо и Бруно Фернандеш во 11. односно 18. минута Јунајтед поведе со 0:2. Во меѓувреме намали Хаким Зијеш.
На стартот на второто полувреме Мектоминеј зголеми на 1:3, а Галатасарај спаси бод. Прво Зијеш погоди, а во 71 минута и Актуркоглу за конечни 3:3.
Another incredible goal! Bruno Fernandes
Galatasaray 0-2 Manchester Unitedpic.twitter.com/Fir9Tz0OEv
— FootColic ⚽️ (@FootColic) November 29, 2023
Ziyech and Onana shows are continuepic.twitter.com/mKpLWYYP6e
— FootColic ⚽️ (@FootColic) November 29, 2023
Gooooolll “Harry Potter” Kerem Aktürkoğlu
Galatasaray drews level 3-3pic.twitter.com/9s705CGYsr
— FootColic ⚽️ (@FootColic) November 29, 2023
Во оваа група Галатасарај е втор со 5 бода, Копенхаген има четири но од четири меча, а Манчестер Јунајтед е последен со четири бода. Прв е Баерн со 12 бода. Баерн и Копенхаген ќе играат вечерва.
А на „Санчез Писхуан“, Севиља водеше со 2:0, а на крајот загуби од ПСВ. Серхио Рамос и Ен Несири донесоа водство на Севиља од два разлика и ја чуваа се до 68 минута. Окампос доби црвен картон, а веднаш потоа Саибари намали. Следуваше автогол на Гудељ, а во 92 минута Пепи обезбеди победа на ПСВ.
Во оваа група ПСВ е втор со 8 бода, Севиља е последна со само 2 бода. Арсенал и Ленс играат подоцна.
Ricardo Pepi scored the goal at 90+3. What a comeback
Sevilla 2-3 PSV Eindhovenpic.twitter.com/V9lKsHfdSw
— FootColic ⚽️ (@FootColic) November 29, 2023