Немања Видиќ, легендарниот српски фудбалер кој некогаш беше дел од големиот Манчестер Јунајдтед пред помалку од една година загуби на изборите за прв човек на ФСС од Драган Џајиќ.
Тоа не беше изненадување ако се знае дека државниот врв на Србија стоеше зад иконата на Ц. Џвезда и српскиот фудбал.
Дека не му е сеедно на Видиќ тој излезе во медиумите со интересна изјава:
“Дали и јас и треба прво да одам во затвор за да добијам некоја функција во српскиот фудбал? Како тоа Драган Џајиќ кој беше во затвор и призна дека дека се занимавал со проневера, како тоа Ѕвездан Терзиќ кој не ја докажал својата невиност, а постапката е застарена, ги водат ФСС и Црвена Звезда? Треба за ова сите да се запрашаме“ истакна некогашниот ас на Манчестер Јунајтед.