Динамо Загреб славеше на гостувањето кај Астана во Казахстан во мечот од 5. коло во групната фаза на Конференциската лига на УЕФА. Со оваа победа тимот на Стефан Ристовски и Аријан Адеми остана во игра за второто место, што носи пласман во нокаут фазата на ова натпреварување.
Првиот гол го постигна Габријел Видовиќ во 48. минута, а откако домашните останаа без „поцрвенетиот“ Душан Јованчиќ, во 79. минута по корнерот на Петр Сучиќ, Јапонецот Такуро Канеко со прецизен удар од 15 метри погоди за 2-0.
Ристовски беше стартер за Динамо и беше заменет на 10 минути пред крајот на мечот.