Алкалоид го затвори голот, Куманово постигна само три гола во второто полувреме

109

Алкалоид брзо се рехабилитираше по поразот во Европската лига, во рамките на Супер-лигата дојде до 13 победа, откако на домашен терен го совлада Куманово со убедливи 29-12.

Гостите беа немоќен противник особено во второто полувреме во кое постигнаа само три гола (15-3). Избраниците на Кирил Лазаров од стартот го наметнаа своето темпо, поведоа со 9-1, на другата страна противникот и во една ваква ситуација успеваше на момент да се издигне, но само до полувремето по кое целосн беше затворен.

Шанса на овој меч доби Гарбески кој постигна шест гола, исто толку имаше Савревски, а еден помалку запиша Омерагиќ. Кај гостите Газмардија запиша четири гола.

ПретходноСтрумица достојно се прости од Европа: Пораз од Дирен во три до крај неизвесни сета
СледноБарса му се реваншираше на Веспрем, Кил ја продолжи агонијата на ПСЖ