Барса му се реваншираше на Веспрем, Кил ја продолжи агонијата на ПСЖ

91

Во еден од супер-дерби дуелите во 9. коло од Лигата на шампионите, Барселона успеа да слави на гостувањето кај Т. Веспрем со 31:30, откако решавачкиот погодок во самата завршница на мечот беше дело на Дика Мем.

На првиот натпревар Веспрем успеа да ја изненаду Барса и да ја совлада на гости, но Каталонците беа решени да возвратат и успеаја вечерва.

Гомез со 8 гола беше најефикасен кај гостите, додека кај Веспрем, ремили постигна 6 погодока.

Во вториот меч вечерва, Кил успеа да го совлада француски ПСЖ со 26-24 и да ја продолжи црната серија кај гостите. ПСЖ со овој пораз е на 5. место со 9 бода, исто колку и ПИК Сегед, а еден повеќе од Загреб.

Никлас Екберг со 5 гола беше најдобар реализатор кај домашните, а кај ПСЖ  Гребил постигна 6 гола.

ПретходноАлкалоид го затвори голот, Куманово постигна само три гола во второто полувреме
СледноВо Италија веќе се зборува: Шевченко чека повик од Милан да го замени Пиоли