Интер не го пушта: Лаутаро наскоро потпишува нов договор

138

Лаутаро Мартинез е подготвен да потпише нов договор со Интер и покрај интересот од премиерлигашите Челзи и Манчестер Јунајтед, потврдија извори од клубот.

Актуелниот договор на капитенот на Интер ќе истече во 2026 година, а неговите претставници претходно разговараа со Челзи и Јунајтед, но очигледно предност во преговорите добива неговиот сегашен клуб.

Интер летово успеа да ја задржиа својата ѕвезда и покрај силниот притисок кон Аргентинецот. Сега станува јасно дека Мартинез е подготвен да потпише продолжување со договорот со италијанскиот гигант, но прашање е како ќе се усогласат ставовите околу финансискиот дел.

Досега оваа сезона, Лаутаро постигна 13 гола во 13 натпревари во Серија А.

ПретходноФенер ја доби драмата против Реал, Монако славеше против Олимпијакос
СледноАцо Стојков повеќе не е директор на Брера!