Испиша историја: После 4740 дена постигна погодок во Лигата на шампиони

1019

Во Лигата на шампионите синоќа имавме неверојатна вечер полна со голови, а на дури четири натпревари видовме дури шест гола. Еден од нив се играше во Лисабон, каде се сретнаа Бенфика и Интер и ремизираа 3:3, а главна тема на вечерта стана Марко Арнаутовиќ поради неговиот неверојатен скор.

Со својот погодок во 51. минута за 3-1 на дуелот против Бенфика, Арнаутовиќ испиша историја во Лигата на шампиони која тешко може да се повтори.

Имено, поминаа 4740 дена од последниот гол на австрискиот напаѓач во Лигата на шампионите, а она што е интересно е што тој постигна гол и против Интер.

Тоа се случи во декември 2010 година на мечот меѓу Вердер и Интер во Бремен, а само 13 години подоцна Арнаутовиќ повторно се запиша во листата на стрелци во ова натпреварување. Тоа е убедливо најголемата пауза меѓу голови во Лигата на шампионите постигнати од еден играч.

ПретходноАнчелоти: Клучот за успехот е атмосферата во соблекувалната
СледноПоранешен тенисер тврди: Ѓоковиќ не е најдобар на сите времиња