Пелистер на гостувањето кај Кјиелце ќе настапи без Каспер Кисум, кој според информациите од клубот останал во Битола, а причината е сезонски грип. Тренерот, Бранко Ангеловски на оваа средба може да остане и без услугите на Денис Васиљев поради законската регулатива за влез на руски државјанин во Полска, објавија од клубот.
„Заради сезонски грип ракометарот на Еурофарм Пелистер, Каспер Кисум не отпатува со екипата во Полска и нема да настапи на натпреварот против Киелце во рамките на деветтото коло на групата А на Лигата на шампионите. Настапот на ракометарот Денис Васиљев е неизвесен заради законската регулатива за влез на руски државјани во Полска“, стои на официјалната „Фејсбук“ страница на Пелистер.
Инаку, Пелистер го игра мечот од деветото коло во Лигата на шампионите, средбата е закажана во 20:45 часот.