КЛ: Абердин одигра нерешено во Хелсинки, Миовски влезе од клупата

123

Абердин на нашиот Бојан Миовски одигра нерешено 2:2 на гостувањето кај ХЈК Хелсинки во меч од претпоследното коло во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА.

Миовски беше на клупата се до 74. минута кога доби шанса да заигра во снежниот Хелсинки. Абердин одамна ги загуби шансите за пласман во нокаут-фазата и резултатски мечот беше без императив.

Бриж го растури Бешикташ среде Истабул со 5:0 и приреди вистинско разочарување за домашните фанови. Убедлива победа и за Бодо над Лугано со 5:2.

ПретходноЛЕ: Фрајбург го „петардираше“ Олимпијакос, Вест Хем минимално кај Бачка Топола (ВИДЕО)
СледноФенер ја доби драмата против Реал, Монако славеше против Олимпијакос