Коментар на 16. коло: Тоа ќе биде битка до истребување…..

926

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Вчера се одиграа сите шест средби од 16.коло во ПМФЛ. Накусо, Тиквеш беше фантастичен во Охрид, Струга ТЛ рутински го доби Вардар, Шкендија сепак покажа квалитет со Работнички, Брегалница квалитетна кај Брера со голем бод, Гостивар и дефинитивно е сериозен тим, а тоа го осети и лидерот, и победа на “лавовите“ против Силекс.

Во неколку наврати сме напоменале дека битката за титулата ќе се води меѓу Струга ТЛ, Шкендија и Шкупи. Според квалитетите, барем според авторот на овој текст, токму по овој редослед се распоредени фаворитите.

И тука нема дилеми. Силекс и дефинитивно не е кадарен да се вмеша во оваа “тројна“ битка.

Ако борбата за титулата е интересна, тогаш што да се каже за тоа какв е битката за опстанок.

А дека ќе биде и битка до истребување, тоа се знае и сега, посебно по вчерашните настани.

Имено Вардар е во најтешка ситуација, но сепак има уште многу да се игра. Тука се и Воска, Брегалница, Македонија ЃП. Реално, ако земеме дека Вардар е „сигурен“ за пат кон ВМФЛ, барем според сегашната состојба на табелата, тогаш која екипа од тие погоре три ќе му се придружи, која би играла бараж, а која ќе се спаси?

Повеќе од сигурно е дека Тиквеш, Работнички и Гостивар нема да “влезат“ во ова “друштво“! А, Брера Струмица? Е, тоа допрва ќе се види, ништо чудно.

И ќе видите сега но и до крајот на сезоната “смешки“, ќе видите “непринципиелни коaлиции“, ќе видите како тоа некој ќе “бара“ од сите само за да се спаси, а ретко кој ќе му “даде“, иако ќе има и има веќе има такви. Потоа како некој ќе се “вади“ на друго место.

Повеќе од сигурно е дека напролет ќе биде војна околу тоа кој ќе испадне, а кој ќе се спаси.

Секако дека битката за титулата ќе биде супер интересна, но баталете тоа.

Она што посебно ќе биде “смешно“, она што ќе биде многу јако, и она што ќе биде битка до истребување, е на тоа треба да се посвети многу внимание. А тоа е битката за опстанок.

Тоа ќе биде за “уживање“, тоа ќе биде за раскажување.

П.С.

За овој текст не е поставена некоја фотографија од вчерашните мечеви само за да не си помисли некој дека нешто намерно посочуваме против некого за горе искажаното.

Иако бидете уверени дека оние кои добро ги знаат фудбалските прилики во ПМФЛ и тоа како добро знаат за што всушност станува збор или што сакаме да кажеме.

ПретходноСофи Мартинез: Не е вистина дека сум “спиела“ со Меси!
СледноДинамо славеше кај Астана и остана во трка за нокаут-фазата