ЛЕ и ЛК: Миовски на гости во Финска, Ристовски и Динамо мора да победат кај Астана!

100

Денеска и вечерва се играат натпреварите од 5.коло по групи во Лигата на Европа и Лигата на Конференции.

Во ЛЕ тимот на ТСЦ Бачка Топола, каде што настапува и Мартин Мирчевски од 18.45 часот ќе го нагости премиерлигашот Вест Хем. Додека Хакен на Филип Трпчевски ќе игра дома со неверојатниот Леверкузен, тим кој прави чуда во Бундеслигата.

Во ЛЕ Бојан Миовски и Абердин му гостуваат на Хелсинки, сега веќе некогашниот тим на Дени Илиев. Шкотланѓаните немаат шанси за понатаму, па затоа Миовски и неговите другари ќе играат за престиж.

Динамо Загреб гостува во Астана, и мора да победи ако сака и натаму да ги задржи шансите за пласман во следната фаза. Познато е дека Аријан Адеми не е регистриран, додека Стефан Ристовски се очекува да биде меѓу стартерите.

Трнава на Милан Ристовски ќе ги одмери силите со бугарскиот Лудогорец.

ПретходноМакедонија со скок од едно место на најновата ФИФА листа!
СледноЕХФ ја одби жалбата на Е. Пелистер!