ЛЕ: Фрајбург го „петардираше“ Олимпијакос, Вест Хем минимално кај Бачка Топола (ВИДЕО)

78

Во првата рунда од мечевите во Лигата на Европа, највпечатлив настап имаше германски Фрајбург кој го прегази Олимпијакос со 5:0 со фантастичното прво полувреме во кое домашните водеа со 4:0 благодарение на хет-трикот на Австриецот Грегорич.

Вест Хем и Фрајбург имаат по 12 бода и се сигурни патници за следната фаза, откако Вест Хем вечерва на гости кај Бачка Топола славеше со 1:0.

Брајтон оствари триумф во Атина каде во „Б“ групата славеше над АЕК со 1:0. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Жоао Педро од пенал.

Во Прага, Спарта со минимален резултат го совлада Бетис, а стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Лукас Хараслин во 54. минута од натпреварот. Пред пресметката меѓу Ренџерс и Арис од Лимасол, Бетис има девет бода, Ренџерс и Спарта освоија по седум, а Арис има три.

Во групата Д, Аталанта ремизираше 1:1 со Спортинг Лисабон на домашен терен, додека Раков ги освои сите три бода во Грац, каде дојде Штурм.

Аталанта има 10 бода, Спортинг освои седум, додека Штурм и Раков имаат по четири.

Во преостанатиот натпревар од групата Ф, Рен победи со 3:0 против Макаби од Хаифа во Будимпешта.

ПретходноВо Италија веќе се зборува: Шевченко чека повик од Милан да го замени Пиоли
СледноКЛ: Абердин одигра нерешено во Хелсинки, Миовски влезе од клупата