Македонија со скок од едно место на најновата ФИФА листа!

464

Нашата најдобра фудбалска репрезентација направи скок од едно место на најновата ФИФА ранг – листа. Имено денеска ФИФА објави дека Македонија е на 65.место на листата, претходно беше на 66.место. Ова е најдобар ранкинг на нашата репрезентација после една година кога исто така бевме на 65. место.

Се разбира дека за овој скок најзаслужно е ремито со селекцијата на Англија со 1:1 кога се одигра овој натпревар пред десет дена во Скопје.

На врвот на листата нема промени. Аргентина е прва, Франција е втора а Англија сега е трета. Во ТОП – 10 се и селекциите на Белгија, Бразил, Холандија, Португалија, Шпанија, Италија и Хрватска.

ПретходноМеси одбил да гостува во емисија поради поранешен играч на Ливерпул
СледноЛЕ и ЛК: Миовски на гости во Финска, Ристовски и Динамо мора да победат кај Астана!