Меси одбил да гостува во емисија поради поранешен играч на Ливерпул

437

CBS го погоди изборот на стручни коментатори бидејќи се работи за познати фудбалски имиња. Водителката Кејт Абдо навистина е одлична пред камерите, поради што сè функционира толку добро.

Клиповите од оваа емисија често се хит на социјалните мрежи, а така беше и по првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Од оваа телевизија решија овојпат да не ја снимаат емисијата во студиото во Лондон, го посетија Мајами каде ги коментираа настаните од натпреварите од Лигата на шампионите.

Но, еден детал во синоќешната емисија изненади многумина. Водителката Кејт Абдо призна дека CBS Sports се обидела да го донесе Лионел Меси во студиото додека бил во Мајами. Испратиле официјално барање на адресата на неговиот клуб и брзо добиле договор.

Меси не сакал да се појави во студио иако таму е неговиот добар пријател и поранешен соиграч Тиери Анри. Но, проблемот беше уште еден член на ова шоу.

„Официјалниот одговор од Интер беше дека Лиолен Меси не сака… Дали всушност можам да го кажам ова? Очигледно Меси не сака да гостува во ниту една ТВ емисија каде што гостува Џејми Карагер“, изјави Кејт.

Меси и Карагер веќе некое време не се во добри односи поради коментарите на поранешниот играч на Ливерпул за Аргентинецот.

Претходно„Новиот Јокиќ“ се обиде да застане на патот на Сомборецот, па настрада (ВИДЕО)
СледноМакедонија со скок од едно место на најновата ФИФА листа!