Неверојатно: Пикси и неговиот стручен штаб се платени 8 милиони евра годишно!

1533

Драган Стојковиќ – Пикси успеа прво да ја однесе селекцијата на Србија како селектор на СП во Катар, а потоа и на ЕВРО 2024. Голем успех се разбира, но како играше Србија на Мундијалот и како играше во квалификациите за ЕП, е за секаква критика.

Искрено Србија се пласира на ЕВРО 2024 затоа што беше во најслабата група во историјата.

И за тие успеси Пикси и неговиот стручен штаб биле платени со 8 милиони евра годишно.

Ова го потврди Немања Видиќ, во интервјуто за еден српски медиум со кој ја “стресе“ фудбалска Србија.

Како член на Собранието на ФСС јас имам информација каде одат парите. Замислете, за Пикси и неговиот стручен штаб за последните две години се платени 16 милиони евра, или по 8 милиони годишно. Тоа е неверојатна сума. Дали е тоа нормално?“ се прашува самиот Видиќ.

А како игра Србија под водство на Пикси, во најмала рака мизерно, и 800.000 евра им се многу а не пак 8 милиони.

Но, тоа е тоа…

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 16.КОЛО: Ивановски си поигруваше со Воска
СледноФОТО НА КОЛОТО: Радоста на Роналдо откако ја “расплака“ Брера Струмица!