Пелистер поразен кај Кјелце: Битолчани се распаднаа во второто полувреме

357

Македонскиот првак, Пелистер го запиша деветтиот пораз во низа во Лигата на шампиони, откако на гостувањето кај фаворитот Кјелце беше поразен со 35-25 (18-13). На оваа средба во составот ги немаше Кисум кој поради вирус остана во Битола, како и Васиљев кој нема право на влез во Полска, бидејќи е руски државјанин.

Избраниците на Бранко Ангеловски беа речиси рамноправен противник до 26 минута, по што домаќинот со серија од три гола во низа дојде до позитива која во вториот дел беше доволна за триумф. Во второто полувреме битолчани целосно се распандаа, Кјелце мечот го реши за 11 минути во кои постигна девет гола, додека прими само три.

Тајник беше стрелец на седум гола од 13 обиди, Пешевски запиша пет гола од осум обиди, по четири имаа Борзаш и Радивојевиќ. Волф на другата страна запиша девет одбрани, осум во првото полувреме.

Костески го отвори дуелот 0-1, Борзаш погоди за 1-2, ова беше единствениот момент во која Пелистер имаше водство, минута подоцна беше 2-2 и 3-3, по што полскиот тим со серија од 3-0 поведоа со 6-3. Наи зголеми на 8-4. Во 26 минута, Пелистер успеа да дојде на 15-12, но тука и застана, противникот со три гола во низа поведе со 18-12, на одморот беше 18-13. Волф беше на ниво на задачата, во овој дел запиша осум одбрани.

Македонскиот првак буквално се распадна во првите 11 минути во второто полувреме, даде три гола, прими девет, па Кјелце поведе со 27-16. Лесјак запиша две одбрани, Пешевски успеа да го разбуди својот тим, па следеа два нови гола на Радивојевиќ за 27-19. Но, токму до тука беа силите, Кјелце продолжи во ист ритам, без проблем го приведе овој дуел.

Во следното коло, Пелистер е домаќин за ППД Загреб.

ПретходноАцо Стојков повеќе не е директор на Брера!
СледноПостигна хет-трик, му ја дадоа топката да ја носи дома, а тој го направи ова….(ВИДЕО)