После 20 месеци, Вујовиќ се раздели со иранската репрезентација

184

Познатиот ракометен тренер, Веселин Вујовиќ по 20 месеци поднесе оставка од селекторската функција на иранската репрезентација.

Легендарниот Вујо на овој потег се одлучи по азиските квалификации за Олимписките игри во Париз, кои во октомври се одржаа во Доха, а поради политичките тензии на Блискиот Исток ги нарушија плановите и нормалната работа на Иранците.

Од иранската федерација не сакале да ја прекинат соработката, но Вујовиќ бил цврсто решен, не сака да работи во услови на вонредна состојба што владее во земјите од регионот по израелската акција во Газа, тој нема да се врати во Техеран.

Вујовиќ одигра добро Светско првенство 2023 година со Иран, каде оваа азиска земја за првпат стигна до второто коло, завршувајќи како 24-та од 32 најдобри селекции на планетата.

ПретходноПознати двојките во Купот: Алкалоид на гости кај Драчево, Е. Пелистер против тимот на Шампион!
СледноЗекирија Рамадани е нов тренер на Дрита! (ФОТО)