Во светот на фудбалот вообичаено е кога некој фудбалер постигне хет-трик на еден натпревар, после мечот да му се подари топката, како сувнир, со кој ги постигнал тие три гола и истата да си ја носи дома.
Така беше и по вчерашниот меч меѓу Бенфика и Интер, кога домашниот играч Жоао Марио ми “стегна“ три гола на својот некогашен клуб.
И тој ја доби топката на подарок, но направи нешто што е невообичаено, ја фрли на теренот и не си ја понесе дома.
Тоа го објасни со зборовите:
„Како тоа да ја земам топката кога имавме водство од 3:0 и го прокоцкавме? Тоа не е во ред!“ изјави Жоао Марио.
João Mário gave up his first-half hat-trick ball after his Benfica side surrendered a 3-0 lead against Inter 😤#UCL pic.twitter.com/VYumtbw35P
— Football on TNT Sports (@footballontnt) November 30, 2023