Тетовското дерби за Лирија, утре скопската пресметка

132

Одбојкарите на Лирија остварија уште една важна победаво домашното првенство, откако на домашен терен со максимални 3:0 беа подобри од екипата на Универзитет во Тетово. Тетовското дерби донесе интересен и неизвесен прв сет и два сета во кои домашните прилично лесно дојдоа до конечен успех.

Шкендија без поголеми проблеми со 3:0 славеше на гости кај ГОК Борец во Велес, а Сушево прокнижи нов триумф во дуелите со Вардар. Лесна и убедлива победа и за Весна Пробиштип на средбата со Македонија Џио.

За утре е закажано скопското дерби меѓу Работнички и Јанта Волеј.

Прва лига (мажи) / 8. коло

Лирија – Универзитет во Тетово          3:0 (25:23, 25:13, 25:19)

ГОК Борец – Шкендија                          0:3 (14:25, 12:25, 23:25)

Сушево – Вардар                                3:0 (25:11, 25:12, 25:8)

Весна Пробиштип – Македонија Џио   3:0 (25:9, 25:17, 25:15)

Работнички 71&22 – Јанта волеј          (петок, 20.30)

Штип УГД – Струмица 47&72               (6-ти декември, 19.00)

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (21); 2. Лирија (20); 3. Штип УДГ (18); 4. Шкендија (15); 5. Весна Пробиштип (15); 6. Универзитет во Тетово (12); 7. Работнички 71&22 (12); 8. Борец (9); 9. Сушево (7); 10. Јанта Волеј (6); 11. Вардар (3); 12. Македонија Џио (0).

ПретходноДинамо славеше кај Астана и остана во трка за нокаут-фазата
СледноСтоилковска поразена во 2. коло на Фјучрсот во Египет