Иван Ивановски беше централна фигура вчера во рамките на 16.коло во ПМФЛ. Иксусниот крилен офанзивец, не само што и даде два гола на Воска во победата на Тиквеш во Охрид од 0:3, туку беше двигател на сиот тим кој уште еднаш потврди дека оваа сезона и тоа како не се шегува. Токму затоа Ивановски е играч на колото според “СпортСпорт“.
Покрај него во иделниот состав на колото се и Ренер, Стојменовски и Спахиу исто така од Тиквеш, потоа Згуро и Х. Таири (Струга ТЛ), Шаља и Тотре (Шкендија), Билали (Гостивар), Роналдо (Брегалница), Цветаноски (Брера Струмица).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ИВАН ИВАНОВСКИ
Тим: Тиквеш
Роден: 27.06.1995
Кариера: Звијезда (БиХ), Тиквеш, Силекс, Тиквеш