ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Ѓорѓи Мојсов (Тиквеш)

726

Тиквеш позитивно изненади уште еднаш, и тоа со голема и убедлива победа над Воска на гости со 0:3. Одлична игра, одлична тактичка поставеност на тимот и кога е така, тогаш јасно е дека тренерот на тој тим е и тренер на колото, а тоа е Ѓорѓи Мојсов.

Мојсов да се потсетиме на клупата на Тиквеш беше поставен како привремено решение, но по успесите што ги има јасно е дека и тоа како заслужува уште долго, долго да биде на клупата на кавадарчани.

Тиквеш по 16.коло во ПМФЛ е на 5.место на табелата, а и е во полуфиналето во Купот на Македонија.

Најмногу заслуги за ова има токму Мојсов.

ПретходноЗекирија Рамадани е нов тренер на Дрита! (ФОТО)
СледноВидиќ: Дали треба и јас да одам во затвор за да добијам функција во српскиот фудбал?!