Фенер ја доби драмата против Реал, Монако славеше против Олимпијакос

95

Кошаркарите на Фенербахче го совладаа Реал Мадрид со 100:99 по продолженијата во натпреварот од 11. коло на Евролигата. Избраниците на Димитрис Итудис заостануваа цел натпревар, а во последната четвртина влегоа со минус од 14 поени.

Сепак, од тој момент до крајот на регуларниот Фенер направи 23:9 со што заработи продолженија. Скоти Вилбекин погоди тројка на 10 секунди до крајот за да му даде дополнителни пет минути на својот тим.

Во продолжението Реал ја имаше топката во раце и кош предност на седум секунди до крајот. Пресингот на Фенербахче вроди со плод, Дек ја загуби топката, која потоа стигна до Мадар, кој погоди и го постави конечниот резултат на натпреварот.

Во вториот вечерен натпревар Монако на домашен терен беше подобар од Олимпијакос со резултат 85:77.

ПретходноКЛ: Абердин одигра нерешено во Хелсинки, Миовски влезе од клупата
СледноИнтер не го пушта: Лаутаро наскоро потпишува нов договор