Се играше 90+4.минута вчера во Струмица на мечот Брера Струмица и Брегалница, а резултатот беше 1:0 за домашните. И кога сите помислија дека Брера ќе дојде до победата а Брегалница, која одигра одлично, ќе го загуби овој меч, работите во свои раце или нозе, ги презема Роналдо Вебстер, напаѓачот на штипските „сини“. Успеа во последните секунди да ја затресе мрежата на струмичани, да ја “расплаче“ Брера а на својот тим да му донесе еден бод.
И нормално кај него радоста беше голема и необична, доволно ова да биде фото на 16.коло во ПМФЛ.