Како што се известува од В.Британија, познато е кога ќе започне фудалското судење на векот како што е наречен процесот против Манчестер Сити. Тоа ќе се започне наесен следната година, а дотогаш ќе трае истрагата против Сити.
Клубот се товари дека прекршил 115 правила на финансискиот фер-плеј.
Во тек се земање изјави на сведоци и ако се биде како што треба, тогаш пресудата ќе се знае во текот на 2025 година.
Ова значи дека во Манчестер Сити имаат доволно време да се ангажираат само на фудбалски теми, а се знае дека е ангажиран енормно скап адвокатски тим да го брани клубот.
По казната што ја доби Евертон, сега фудбалскиот свет е во исчекување што ќе се случи со европскиот шампион.
Во меѓувреме менаџерот Пеп Гвардиола истакна дека тој ќе биде менаџер на Сити се додека му трае договоротм, без разлика дали тимот ќе игра во Премиерлигата или во некоја пониска лига.