Вчера во меч од 16.коло во ПМФЛ, Струга ТЛ како гостин успеа да го победи Вардар со 1:3.Еден од стрелците на головите за шампионот беше и Хадис Таири, младиот фудбалер на стружани кој има само 18 години.
Поради својот талент и квалитети, Таири добива се поголема минутажа од страна на стратегот Шпетим Дуро.
“Како прво треба да му се заблагодарам на нашиот тренер Шпетим Дуро за тоа што ми дава шанса во дресот на шампионот да ги искажам своите квалитети. Тој верува во мене и јас му благодарам на таа доверба. Исто така секако дека сум пресреќен што ете вчера против Вардар успеав да го постигнам својот прво гол во дресот на Струга ТЛ и што му помогнав на тимот да дојде до победа“ рече покрај другото Таири.