Ако тренерите немаат чувство кога треба да се поднесе оставка и да се преземе одговорност на чело со главниот стратег Џовани Валенти, тоа не важи и за спортскиот директор Ацо Стојков. Струмичкиот клуб има сериозни проблеми со резултатите, играта и пласманот на првенствената табела. Нервозата е на високо ниво, особено по разочарувачките 1:1 со Брегалница во средата, кога штипјани израмнија во 94. минута и му откинаа два планирани бода на составот на Брера.
Кога сме кај Ацо Стојков, тој денеска се поздравил со играчите и повеќе нема да ја обавува функцијата спортски директор на клубот. Пред неколку дена „СпортСпорт“ најави дека во клубот размислуваат и за тренерска смена и дека не се задоволни од работата на тренерот Валенти, кој има договор до крајот на сезоната и не сака да поднесе оставка и да превземе одговорност за лошата игра и резултати.
Се споменува името на Луиџи Ди Бјаџо како нов тренер на тимот од Струмица, кој зимава изгледа ќе треба да прави рокади како на административен, така и на тренерски и играчки план.