Во Италија веќе се зборува: Шевченко чека повик од Милан да го замени Пиоли

202

Ако Стефано Пиоли биде сменет од тренерското место во Милан, веќе е познато кој ќе биде неговиот наследник. Барем така пишуваат дел од италијанските медиуми.

Актуелниот тренер на „росонерите“ е се поголема каша по последниот пораз во ЛШ од Борусија (Д) на домашен терен. За полуфиналистите од минатата сезона во ЛШ, ниту победа во Њукасл на 12 декември нема да гарантира место меѓу најдобрите 16 во Лигата на шампионите, што може да биде причина за разделба со Пиоли.

Ако тоа навистина се случи, Милан најверојатно на клупата ќе го донесе некогашниот суперстар на тимот од „Сан Сиро, Украинецот Андриј Шевченко. Шевченко е без клуб од минатиот јануари кога се раздели со Џенова по само 11 натпревари. Пред тоа, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Милан беше селектор на Украина цели пет години и ја водеше репрезентацијата на својата татковина 52 натпревари.

ПретходноБарса му се реваншираше на Веспрем, Кил ја продолжи агонијата на ПСЖ
СледноЛЕ: Фрајбург го „петардираше“ Олимпијакос, Вест Хем минимално кај Бачка Топола (ВИДЕО)