Динамо славеше кај Астана и остана во трка за нокаут-фазата

123

Динамо Загреб славеше на гостувањето кај Астана во Казахстан во мечот од 5. коло во групната фаза на Конференциската лига на УЕФА.  Со оваа победа тимот на Стефан Ристовски и Аријан Адеми остана во игра за второто место, што носи пласман во нокаут фазата на ова натпреварување.

Првиот гол го постигна Габријел Видовиќ во 48. минута, а откако домашните останаа без „поцрвенетиот“ Душан Јованчиќ, во 79. минута по корнерот на Петр Сучиќ, Јапонецот Такуро Канеко со прецизен удар од 15 метри погоди за 2-0.

Ристовски беше стартер за Динамо и беше заменет на 10 минути пред крајот на мечот.

ПретходноКоментар на 16. коло: Тоа ќе биде битка до истребување…..
СледноТетовското дерби за Лирија, утре скопската пресметка