Зекирија Рамадани од денеска и официјално е нов шеф на стручниот штаб на Дрита од Гњилане, тим од елитната лига на Косово. Нашиот стратег веќе го одработи и првиот тренинг со својот нов тим.
На Рамадан ова не му е првпат да биде тренер во Косово, да се потсетиме дека тој во минатото беше стратег на Фероникели, Трепча, Гњилане, Приштина каде имаше успеси. Потоа беше стратег на Шкупи во два наврати, работеше и во Албанија во екипите на Фљамуртари и Егнатиа, а последен ангжман му беше во С. Арабија во тимот на Оход.
Договорот меѓу Рамадани и Дрита е со важност од 18 месеци.