ЛЕ: Ливерпул доминираше со ЛАСК, седум гола на „Велодром“ за победа на Марсеј (ВИДЕО)

201

Без поголеми проблеми Ливерпул го совлада австриски ЛАСК со 4:0 во мечот од 5. коло во групата „Е“ од Лигата на Европа и успеа да си го потврди првото место со кое обезбедува пласман во нокаут-фазата во второто по ранг европско натпреварување. „Црвените“ за само неколку минути во првиот дел поведоа со 2:0 со головите на Диас (12’) и Гакпо (15’), а во вториот дел Салах со гол од белата топчка зголеми на 3:0, додека гакпо со вториот го во 93. минута ги постави конечните 4:0. Во ова агрупа Тулуз на домашен терен одигра без голови против Унион Ст. Жилои и успеа да се задржи на второто место со три бода пред Белгијците во битка за второто место кое води во следната фаза.

Олимпик (М) славеше со 4:3 против Ајакс, сосема доволно за да го потврди својот пласман во нокаут-фазата во ова натпреварување. Французите се први пред Брајтон и овие два тима на коло пред крајот веќе се во следната фаза.

Виљареал во директната пресметка со Панатинаикос славеше со 3:2 и си го потврди најмалку второто место во групата „Ф“. Домашните имаа предност и од 3:0 со головите на Баења, Комесана и Мораеш, но гостите се вратија за неизвесен финиш благодарение на Паласиос и Јоанидис.

Рома зема бод на гостувањето кај Сервет (1:1) и заедно со Славија Прага веќе е во следната рунда. Единствениот гол за римјаните го постигна Лукаку. Баер (Л) не пропушти да слави и во оваа рунда. „Фармацевтите“ со 2:0 го совладаа Хакен на гости и запишаа 5 од 5 во групата.

ПретходноПостигна хет-трик, му ја дадоа топката да ја носи дома, а тој го направи ова….(ВИДЕО)
СледноДрама во Белград и победа на Партизан по едно продолжение!