Лион му врачи отказ на Гросо

132

Француски Лион денеска објави дека му врачил отказ на италијанскиот стручњак, Фабио Гросо.

„Имајќи ги предвид актуелните резултати и по длабинска анализа на ситуацијата во стручниот тим, Олимпик Лион одлучи да спроведе постапка за раскинување на договорот на Фабио Гросо и неговите заменици. Олимпик Лион сака да им се заблагодари на Фабио Гросо и неговите заменици за нивната посветеност и професионализам откако го презедоа раководството на стручниот тим“, се вели во соопштението на клубот.

Гросо го презеде францускиот клуб на 16 септември оваа година.

ПретходноСтоилковска поразена во 2. коло на Фјучрсот во Египет
СледноСтрумица достојно се прости од Европа: Пораз од Дирен во три до крај неизвесни сета