Поранешен тенисер тврди: Ѓоковиќ не е најдобар на сите времиња

4573

За поранешниот марокански тенисер Јунес Ел Ајануи, Новак Жоковиќ не е најдобар на сите времиња. Мароканецот кој освои пет титули во кариерата и беше 14-ти на АТП листата во март 2003 година, има поинакво мислење.

За него поважни се некои други работи и затоа Роџер Федерер и Рафаел Надал се пред Србинот. Тој не гледа рекорди, титули, бројки кои недвосмислено покажуваат кој е на врвот во „белиот спорт“. Па неговата изјава крена прашина.

„За мене не се работи за тенис и бројки. Треба да се погледне како се тие како луѓе и како се однесуваат кога губат и кога победуваат. Во таа смисла, Надал е број еден, никогаш не сме го виделе да направи нешто чудно на теренот. Не кршеше рекети, не се жалеше, ги предаде натпреварите. Покажа добар став и е пример за сите кои се занимаваат со тенисот“, започна Ел Ајануи.

Потоа продолжи со приказната за Роџер Федерер. „Веројатно никогаш нема да видиме играчи како Роџер и Рафа. Има нешто повеќе од тие бројки, тоа е однесување во тешките моменти од животот. Кога победувате, се е лесно, сите се со вас, но вистинските шампиони се гледаат во поразите”.

На крајот само го спомна Ѓоковиќ. “Надал и Федерер секогаш подобро ги прифаќаа поразите, можеби затоа Новак освои повеќе титули од нив. Сепак, не е се во бројките. Повторувам, важна е и личноста”, заклучи Ел Ајануи.

По ова се огласија многу фанови на српскиот тенисер кои го прозиваат поради ваквите изјави.

ПретходноИспиша историја: После 4740 дена постигна погодок во Лигата на шампиони
СледноАнгеловски: Ни фали нешто што со пари не можеме да го купиме – а тоа е времето!