ТИМ И ИГРАЧ НА 16.КОЛО: Ивановски си поигруваше со Воска

542

Иван Ивановски беше централна фигура вчера во рамките на 16.коло во ПМФЛ. Иксусниот крилен офанзивец, не само што и даде два гола на Воска во победата на Тиквеш во Охрид од 0:3, туку беше двигател на сиот тим кој уште еднаш потврди дека оваа сезона и тоа како не се шегува. Токму затоа Ивановски е играч на колото според “СпортСпорт“.

Покрај него во иделниот состав на колото се и Ренер, Стојменовски и Спахиу исто така од Тиквеш, потоа Згуро и Х. Таири (Струга ТЛ), Шаља и Тотре (Шкендија), Билали (Гостивар), Роналдо (Брегалница), Цветаноски (Брера Струмица).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ИВАН ИВАНОВСКИ

Тим: Тиквеш

Роден: 27.06.1995

Кариера: Звијезда (БиХ), Тиквеш, Силекс, Тиквеш

ПретходноВидиќ: Дали треба и јас да одам во затвор за да добијам функција во српскиот фудбал?!
СледноНеверојатно: Пикси и неговиот стручен штаб се платени 8 милиони евра годишно!