Мулти Есенс без шанси против Вардар 1961

114

Вардар 1961 оствари уште една убедлива победа во домашното првенство, откако вечерва во воведниот меч од 13. коло славеше против Мулти Есенс со 23:40.

Средбата во СЦ „Јане Сандански“ со помладиот скопскиот ривал, за екс-шампионот беше вовед во уште еден триумф со кој останува лидер во групата „Б“ со 12 победи.

Милан Лазаревки со седум гола беше најефикасен кај „црвено-црните“, додека кај Мулти Есенс, Јорданов постигна 6 гола.

ПретходноЗаврши договорот на Милевски, Македонија од денеска е без селектор
СледноЕвро-Купови: Само Јошко и ПАОК одат во следната фаза, елиминација за Маџунков, Савовски, Костиќ…