Наковски Волеј и вторпат најде „лек“ за шампионките

189

Одбојкарките на Наковски Волеј и вторпат оваа сезона успеаја да го победат актуелниот шампион, екипата на Работнички, овој пат во дерби дуелот на 10. Коло во Првата лига. Во мечевите кои се одиграа во изминативе три дена, вредна победа изборија и одбојкарките на Фит Фан Волеј кои успеаја во четири сета да ги освојат бодовите на дуелот со новајлијата во елитата, Младост УДГ од Штип.

На 6 декември треба да се комплетира колото со одигрувањето на уште едно големо дерби. Вицешампионките Јанта Волеј ќе го пречекаат непоразениот тим сезонава, екипата на Струмица.

Прва лига (жени) / 10. коло

Вардар ЕМ – Вардар 2019                   3:0 (25:18, 25:18, 25:15)

Наковски волеј – Работнички              3:0 (25:20, 31:29, 27:25)

Фит фан волеј – Младост УГД             3:1 (25:19, 21:25, 25:18, 25:18)

Јанта волеј – Струмица                       (6-ти декември)

ТАБЕЛА: 1. НАКОВСКИ В. (27); 1. Струмица (26); 3. Јанта Волеј (19); 4. Работнички (17); 5. Фит Фан Волеј (13); 6. Младост УДГ (8); 7. Вардар ЕМ (7); 8. Вардар 2019 (0).

ПретходноМурињо: Не ги разбирам некои луѓе, во Серија А играат со ентузијазам, а во Европа мрзеливо
СледноЕкс-играч на Џенова и на Бока Јуниорс приведен поради кокаин