Во пресрет на утрешниот дуел со Вардар во рамките на 17. коло од ПМФЛ, фудбалерот на Македонија ЃП, Никола Величковски очекува гол и победа против најтрофејниот македонски клуб.
„Ние како тим имаме почит за најтрофејниот македонски клуб, но утре одиме на 3 бода пред домашната публика со борба и мотивација за нова победа. На првиот натпревар дадов гол, се надевам и верувам дека и утре ќе постигнам гол и ќе победиме“, вели Величковски.
Мечот меѓу Македонија ЃП и Вардар ќе се одигра утре во 13 часот.