Дарио Ивановски во недела во Валенсија трча за олимписка норма за Париз

461

Во недела (3 декември), македонскиот рекордер во маратон, Дарио Ивановски, како елитен маратонец со стартен број 125 ќе настапи на престижниот маратон во шпанска Валенсија.

Дарио е еден од 200-те елитни маратонци во машка конкуренција кои ќе се појават на стартната линија, заедно со други 33.000 тркачи. Валенсија во последните години важи за еден од најдобрите маратони во светот на кој покрај големиот број рекреативци доаѓаат и се поголем број на професионални маратонци.

Валенсија ќе биде една од последните проверки за формата и можноста за остварување на норма на потенцијалните учесници на Олимписките Игри во Париз следната година.

ПретходноПикси за обвинувањата на Видиќ: Нека заврши ждрепката, па ќе му одговорам
СледноЊукасл се подготвува за нова трансфер бомба: Лукаку на „Ст. Џејмс Парк“?