Во десеттото коло од АБА лигата на мечот меѓу Сплит и Крка (78-74)се случи несекојдневна пресметка меѓу двајца кошаркари од ист тим.
Во инцидентот кој го одбележа дуелот учествуваа Јуриј Мацура и Марко Радовановиќ.
На тајм-аутот на минута пред крајот на мечот дојде до неочекувано кошкање и меѓусебни префрлања меѓу Мацура и Радовановиќ, на што реагираше тренерот Гасперн Окорн и останатите од тимот. По таа минута одмор, центарот на Крка не се врати на паркетот, а значаен триумф забележаа сплитските кошаркари.
Sukob Macure i Radovanovića na klupi Krke. pic.twitter.com/xBfgRLQfMF
— Basketball Sphere (@BSphere7) December 1, 2023