Македонската кошаркарска федерација ќе ја продолжи традицијата и оваа календарска година ќе ги награди најдобрите во кошаркарскиот спорт.
Сите клубови во сениорските и во младинските лиги, членовите на Здружението на кошаркарските тренери, претставниците на Судиската комисија при КФСМ, медиумите, и фановите, учествуваат во гласањето за избор на најдобрите во кошарката во 2023 година.
Ќе се доделат награди во вкупно 19 категории. Веќе се познати и номинираните во секоја од категориите.
Во категоријата најдобар македонски кошаркар во странство номинирани се: Ненад Димитријевиќ (Уникс Казан), Андреј Јакимовски (Вашингтон Стејт) и Адем Мекиќ (Задар).
Во категоријата најдобар кошаркар за 2023 година номинирани се: Војдан Стојановски (МЗТ Скопје), Андреј Маслинко (Пелистер) и Андреј Митревски (Феникс 2010).
Во категоријата најдобар млад кошаркар номинирани се: Никола Јаничиќ (Водно Санс), Марко Лукановски (Вардар) и Павел Иванов (Вардар/Кожув).
За наградата за најдобра машка екипа конкурираат: МЗТ Скопје А., Феникс 2010 и Пелистер, додека за најдобра женска екипа: Баскет Кам, Бадел 1862 и МЗТ Скопје А.
За наградата најдобар македонски тренер во странство номинирани се: Емил Рајковиќ (ЦСКА М.), Тане Спасев (Локомотив К./Академија Романија) и Ѓорѓи Кочов (Кемниц).
Во конкуренција за најдобар тренер за 2023 конкурираат: Васил Атанасов (МЗТ СКопје А.), Марјан Илиевски (Пелистер) и Денис Дервишевиќ (Феникс 2010).