Лажел за годините, му го одземаа златниот медал од СП

232

Атлетичарот Лугуелин Сантос е суспендиран на три години од Одделот за интегритет во атлетика (AIU) поради тоа што манипулирал со годините за настап на младинското светско атлетско првенство 2012 година во Барселона, на кое освои златен медал на 400 метри.

Спринтерот призна дека се натпреварувал на тој шампионат со лажен пасош со фалсификуван датум на раѓање за да може да учествува. Тој се направил една година помлад и влегол на шампионатот на кој освоил и златен медал.

Сега тој медал ќе му биде одземен, а сега веќе 31 годишниот атлетичар нема да може да се натпреварува од 11 март 2023 година па до 10 март 2026 година што ќе значи и крај на неговата спортска кариера.

Лугуелин е свесен за грешката и ја прифати санкцијата. Сепак, тоа нема да влијае на освоениот сребрен медал на 400 метри на Олимписките игри во Лондон 2012 година.

ПретходноСопственикот на Јувентус: Кога ги решивме внатрешните проблеми тимот тргна нагоре
СледноМурињо: Не ги разбирам некои луѓе, во Серија А играат со ентузијазам, а во Европа мрзеливо