Мирослав Клосе, еден од најдобрите напаѓачи на германската репрезентација, може да му се врати на тренерскиот занает. Тој е без работа од март оваа година кога доби отказ од австриски Алтах.
Тој е на списокот на нов тренер на Кајзерлаутерн кој се натпреварува во втората Германска лига, пишува германски „Скај“. Светскиот шампион од 2014 година треба да го наследи Дирк Шустер.
Кајзерслаутерн моментално е на 11. Место на табелата со 18 бодови и е во серија од три порази. Во сабота ќе играат со Магдебург во гости.
Друг кандидат за позицијата е Михаел Вимер, кој моментално е тренер на Австрија Виена.