Монца беше на чекор до изненадување, но Гати донесе три бода за Јуве (ВИДЕО)

261

Фудбалерите на Јувентус со победа од 1:2 против Монца го отворија 14-то коло од италијанската Серија А.

Мечот понуди драма и неизвесна завршница во која Јувентус успеа да оствари нова победа. Фудбалерите на Јувентус го отворија натпреварот подобро и набрзо изнудија пенал по само 11 минути игра. Иако Србинот Влаховиќ го промаши пеналот, Адриен Рабио успеа да го отвори резултатот.

Иако се чинеше дека следува мирна завршница и нови три бода за „црно-белите“,  Монца постигна погодок во 91-та минута за изедначување и нови грижи на гостинската клупа.

Сепак Јувентус успеа брзо да се опорави и со да стиге до полн плен со голот на Гати во 94-та минута.

ПретходноДалас два меча без Дончиќ: Словенецот стана татко (ФОТО)
СледноИОК веќе ги знае организаторите на ЗОИ во 2030 и 2034 година?