Надал најави враќање на тениските турнири

91

 

Поранешниот најдобар светски тенисер, Рафаел Надал објави дека се враќа на тениските турнири. Тој ќе учестува на турнирот во Бризбејн кој во јануари ќе биде еден вид на загревање за Гренд слем турнирот Австралија Опен. Освојувачот на 22 Грен слем титули, нема играно тенис уште од 2.коло на Австралија опен поради проблеми со колкот.

„Време е да се вратам. Тоа ќе биде на турнирот во Бризбејн, во првата недела од новата сезона“, напиша Надал на социјалните мрежи.

ПретходноОнана не сака да игра на Купот на Африка, се плаши да не го загуби местото во Јунајтед
СледноСопственикот на Јувентус: Кога ги решивме внатрешните проблеми тимот тргна нагоре